Го сакам Париз

Publisher: Сакам Книги | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: / | Num. of pages: 305 | Dimensions: 21x13 | Cover: мека

Па, авантурата продолжува. Ја следевме Анџела кога побегна од Лондон во Њујорк поради тоа што нејзиниот свршеник ја изневеруваше на задното седиште од нивната кола, ја следевме во Холивуд каде требаше да интервјуира популарна филмска ѕвезда – авантура која за малку ќе ја чинеше работно место, американска виза и момче, а сега ја следиме во сосема нова и тоа европска авантура. Сите опседнати со оваа трилогија веќе знаат дека сега Анџела го има совршеното момче Алекс, и дека тој е подготвен за следниот чекор – заедничко вселување. Но нашата Енџи, изгорена па сега дува и на јогурт, смета дека заедничкото вселување не е толку паметен избор затоа што мисли дека тоа би ја уништило нивната врска и би можело да заврши како нејзиното последно непријатно искуство со нејзиниот бивши. Како нарачано, Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle што за Анџела претставува одлична шанса да се одложи разговорот за заедничкиот живот и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.

Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. Да не имавте некој вибратор внатре, нешто беше сомнително во него? И како тоа да не е доволно, нејзината надредена од списанието Belle е вистинска КУЧКА која успева да ѝ упати и до десет навреди во минута. И како тоа да не е доволно, некој сака да ја саботира нејзината важна задача на десетици начини. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria's Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. Руса коса, долги нозе, размачкан креон, главен вокал и гитарист во секси женски бенд, француски акцент, стан со поглед на Сена... дури и на Анџела ѝ доаѓа да ѝ се фрли во скут на Солен. Но Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.

Ова навистина не е фер. Сè што сакаше Енџи беше да носи беретка, да го држи за рака Алекс додека тој носи црна ролка во француски стил, да се шетаат заљубено покрај Сена, да ја храни со сирење... и секако, да тркне до Шанел. Зарем мораше повторно сè да тргне наопаку?

Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 380 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Сакам Книги

Report an abuse for product Го сакам Париз

Category:
SKU: 978-608-65234-4-2

2 reviews for Го сакам Париз

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Ilinka Cekova (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in