Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење : семеен прирачник со 790 рецепти

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2023
Original title: Lа Scienza in cucina e l'arte di mangiar bene | Num. of pages: 520 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Првпат објавена во 1891 година, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ на Пелегрино Артузи денес се смета за најзначајната италијанска книга за готвење од модерно време. Во годините пред смртта на Артузи во 1910 година оваа книга била препечатена тринаесет пати, па така бројот на рецепти пораснал од 475 на 790. Денес, ова значајно дело продолжува одново и одново да се објавува, но и да се преведува на повеќе јазици како холандски, шпански, англиски, француски итн.

Иако самиот Артузи потекнувал од високата класа и постои сомнеж дека некогаш воопшто допрел кујнски прибор или запалил оган под тенџере за да готви, тој сепак успеал да напише книга која не била наменета не за професионални готвачи, каков што бил обичајот во XIX век, туку за оние кои готвеле за своето семејство во домовите од средната класа: домаќинките и нивните куќни помошници.

Во книгата Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец. Тој вметнува духовити анегдоти кај повеќето рецепти, опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

Ова ремек-дело на Артузи не е само популарна книга за готвење – тоа претставува едно од најзначајните дела на италијанската култура. До ден-денес „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна која датира од значајниот историски период на раѓањето на модерна Италија.

Познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

Пелегрино Артузи е роден во Форлимпополи (во близина на Болоња) на 4 август 1820 година, во семејството на Тереза и Агостино Џунчи. По студиите во семинаријата во Бертиноро, тој почнал да работи кај неговиот татко, a пресвртница во неговиот живот бил нападот на бандитите на 25 јануари 1851 година. При овој напад биле ограбени најбогатите семејства додека биле во театар, меѓу кои и она на Артузи, па по овој ужасен настан, семејството ја напуштило Ромања и се преселило во Фиренца, каде држеле штанд за продажба на свила. Пелегрино успешно се вработил во Ливорно, а подоцна основал и банка во Фиренца која му донела богатство и почит.

Price: 790 ден

2 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење : семеен прирачник со 790 рецепти

Category:
SKU: 978-608-267-677-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење : семеен прирачник со 790 рецепти”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in