Градината
Автор:
Марина Степнова
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Градината |
Бр. на страни:
347 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Средина е на деветнаесеттиот век. На кнезот и кнегињата Борјатински им се раѓа задоцнето, неочекувано дете.
Тусја од самиот почеток не е како другите. Таа буквално го разорува семејството што претходно изгледало идеално. Во строгите рамки на општеството полно со конвенции, кога секој човек пред сѐ му припаѓа на семејството, а не самиот себеси, таа се однесува како апсолутно – дури ненормално – независен човек. Самата одлучува кога ќе се роди и кога ќе почне да зборува. Како ќе се однесува, со што ќе се занесува, кого ќе љуби или ќе мрази. Историја за тоа колку е тешко да се биде слободен човек во неслободен свет.
Романот „Градината“ е пораснат на литературна почва вкоренета во стаменитата земја на класичната руска литература на деветнаесеттиот век (Толстој, Тургенев, Чехов, итн.). Книгата предизвика огромно внимание во Русија и поделени мислења за идејните и естетските вредности, но во едно сите се согласуваат – тоа е исклучително напишан роман, со многу страст и силна поетика што маѓепсува, повлекува во својот свет без задршка и предизвикува чиста наслада.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.