Игра на соништата

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Ett drömspel | Бр. на страни: 111 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Дете на мојата најголема болка“, ќе напише Стриндберг за својата драма „Игра на соништата“, во која низ призмата на сопствениот бурен живот, се обидува да толкува што значи да се биде човечко суштество. Драмата е базирана врз фантастични мотиви од сказните за ќерката на богот Индра, која од небото се спушта на земјата за да дознае како живеат луѓето. Го среќава Поетот, кој станува нејзин водич и гласноговорник на луѓето. Тие заедно ги испитуваат сите несреќи, неправди и страдања што се дел од животот. Песимизмот е силен, но се ублажува со резигнирано христијанско сочувство („штета е за луѓето“), нарочно со социјално угнетените народни маси. Преку контрастирање на убавото меланхолично со драстично хумористичното, Стриндберг успева да го пренесе сопственото измешано доживување на животот, мачен и исполнет со волја во исто време. Сцените се често натуралистички остри во својот опис на ситуациите и луѓето, но не следат некаков хронолошки ред. Наместо тоа, присутни се привремени асоцијации кои водат од една ситуација и сцена во друга, токму како во сонот.

Цена: 150 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Игра на соништата

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-081-6

Questions and Answers

You are not logged in