Игра на туѓ терен

Publisher: Бегемот | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Игра на туѓ терен | Num. of pages: 295 | Dimensions: 195x125 | Cover: мека

Руски град-фантом, место каде владее законот, спокојот и благосостојбата и има само една мафија. Едуард Денисов, харизматичниот „кум“, со години во градот владее со железна рака. Судбината одлучува токму во еден од тамошните санаториуми да дојде на одмор мајор Анастасија Каменскаја. Таа уште не знае дека во истата таа установа дејствува одлично организирана банда злосторници, кои снимаат гнасни и крвави филмови. Иако лукавите „филмаџии“ не оставаат ни најмала трага, луѓето на Денисов, разбеснети поради дрскоста на непоканетите гости, ги следат во чекор. Сите траги водат до санаториумот каде е сместена Каменскаја, а самата таа паѓа во центарот на убиствените игри.Игра на туѓ терен е еден од најуспешните романи на Маринина и совршена, сугестивна слика на руските општествени односи. Игра…, исто така, е и одлично конструиран криминалистички роман, во кој брзата, изненадувачка фабула ниту на миг не губи темпо во густежот од многубројни мотиви.

Price: 200 ден

0 in stock

Compare
Sold By Бегемот

Report an abuse for product Игра на туѓ терен

Category:
SKU: 978-608-4718-39-0

Questions and Answers

You are not logged in