Илинден во Љубојно и Преспа (linden in Ljubojno and Prespa )
Не случајно делото е насловено „Илинден во Љубојно и Преспа“ и е посветено на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно и Преспа. Затоа што Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија се конституира во држава.
А, Илинден, тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, на најголемиот празник од сите празници во Македонија, го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно место. На Илинден во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати.
Иселеничките средби, кои се одржуваат 40 пати досега, се исполнети со интересни содржини како што се промоции, литературни читања, беседувања, разговори и друго. По традиција, на 2 август сретсело на Полена се одржува општ собор на многуилјадниот народ. Ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Љубојно да се.
Ljubojno is one of the largest urban villages in Macedonia. It is part of the Macedonian migrant workers’ reality; their destiny, past, present and future. Ljubojno is located in Prespa within the bosom of Baba Mountain, not far from Lake Prespa, on Macedonian land only a few kilometres north of the Republic of Mace- donia’s border with its southern neighbour. It has a flat, hilly position with an altitude of about 920 metres and covers an area of about 13 square kilo- metres. Ljubojno is about 28 km from the munici- pal centre Resen, and about 60 km from Bitola and Ohrid.
According to folk tradition, Ljubojno got its name from the word “ljubov’” (meaning “love”). More precisely, once upon of time a boy and girl living in two adjacent settlements fell in love. But because of bad relations between the inhabitants of those two settlements, they were not supposed to get married. However they made a decision to marry and run away. They moved to an area near the river and remained there to live happily ever af- ter. Later on, near the home of those lovers, other families came and therefore that settlement was named Ljubojno, i.e. Place of love.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.