Име од вечност

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Име од вечност | Бр. на страни: 108 | Димензии: 140х205 | Корица: /

„Име од вечност“ е најновата поетска книга на Клетников. Таа, како што го покажува тоа и нејзиниот наслов, целосно ѝ е посветена на темата на Името, изворна тема на нашата болка, изолирање и притисок денес. Но тука, секако, не станува збор за класична патриотска поезија, туку за поезија што го шири својот семантички и симболошки хоризонт отаде строгата национална рамка од која првично тргнува. Таа ја открива и архетипската и митската димензија на темата Име, како и неговата ранливост, угроза и обесветување во еден суров свет кој и самиот е морално паднат и обесветен. Сето ова, откривајќи ја самата срцевина и длабочина на темата, Клетников го изнесува пред читателот во висока и есенцијална поезија во која се испреплетуваат судбинското, елегиското и химничното чувствување истовремено на феноменот Име, кој за нас, како никогаш досега е судбоносен: да се постои или да се исчезне.

„Име од вечност“ е напишана со целосен инспиративен и имагинациски елан од поет кој поезијата ја доживува и живее не како естетска игра, туку како судбина. 

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Име од вечност

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-088-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Име од вечност”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in