Индиски приказни
Автор:
Соња Прус
Издавач:
Соња Прус |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Индиски приказни |
Бр. на страни:
203 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
Драги читатели, оваа збирка опфаќа две групи индиски народни приказни.
Првата група приказни се состои од:
а) Морално–поучни приказни со наравоучение, таканаречени панчататра приказни слични на басни. Приказните датираат помеѓу III и V век пр.н.е., иако дел од нив можеби се дури и постари. Всушност, ова се приказни кои еден учен човек им ги раскажувал на тројцата синови на еден крал со цел да ги подучи тие да бидат мудри владетели по смртта на нивниот татко. Подоцна, овие приказни биле пренесувани од патниците во Персија, Арабија, а во XI век од нашата ера и во Европа. Слични приказни може да се најдат, речиси, во сите култури, додека голем број истражувачи на народното фолклорно богатство сметаат дека Индија е изворот на сите овие приказни. Во Индија, пак, овие приказни сѐ уште им се раскажуваат на децата од нивната најрана возраст.
б) Морално–поучни приказни, таканаречени јатака приказни, се оние приказни кои Буда им ги раскажувал на своите ученици и следбеници кога сакал сликовито да им го предаде своето знаење, како и приказни што се однесуваат на неговиот живот. Тие веќе илјадници години имаат влијание врз развојот на многу цивилизации, врз култивирање, морално и добро однесување и се инспирација за создавање богата и разновидна литература во различни делови од светот и за уметнички дела со трајни естетски вредности во областа на сликарството, вајарството и архитектурата.
Втората група приказни се состои од индиски приказни за кралот Акбар и неговиот прв министер Бирбал, кои биле историски личности. Бирбал бил исклучително мудар и досетлив човек , па затоа тие приказни се популарни и многу читани.Овие приказни се слични на нашите приказни за Итар Пејо и затоа им се омилени на читателите – воопшто и на децата и на возрасните.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.