Инспиративна вистина

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Инспиративна вистина | Бр. на страни: 144 | Димензии: 20 | Корица: мека

Книга за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат

Луѓето пишуваат бидејќи никој не слуша.

Од многутемина кои се соочуваат со анксиозноста, малкумина се тие кои ќе проговорат и ќе напишат некој ред, помагајќи им на другите и будејќи ја свеста на пошироката јавност. Но, може ли млад човек да говори за овие теми? Дали е потребно многу поголемо животно искуство за да се даде одговор на овој проблем?

Староста не е од пресудно значење. Важен е интересот, искуството, зрелоста и вештините на личноста. Ова е спознавање на себеси, дел од развојот и растот на секоја личност. Ова е емоционален отскок на индивидуата, непријатен по својата манифестација, но важен за заокружувањето на тој процес.

Книгата „Инспиративна вистина“ е наменета за општата јавност, за читателската публика која трага по разбирливи одговори во кои може да се пронајде и со кои може да се идентификува. Да се избере вистинскиот јазик за пренесување на мислите за оваа појава е комплицирано прашање, но играјќи на картата на искреноста, би рекле дека е најдобриот пат оваа книга да допре до секој читател.

Зошто „Инспиративна вистина“?

Книга која ќе ви помогне да се запознаете себеси и да се фокусирате на остварувањето исклучителни резултати.
Приказна за духовното издигнување, личните победи и враќање на вистинскиот пат.
Надминете ја илузијата за однапред изгубените битки, активирајте се за победа!
Поздравете се со празнината, зрачете со вистинската вредност!
Не очекувајте надворешна слобода без внатрешен мир! Оваа книга нуди решение да ја остварите таа цел.

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Инспиративна вистина

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-606-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Инспиративна вистина”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in