Интелектуалци, политика, култура

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Интелектуалци, политика, култура | Бр. на страни: 291 | Димензии: 190x120 | Корица: /
Извадок:

Новата книга на Данило Коцевски – „Интелектуалци, политика, култура“, изобилува со критичко-есеистички интонирани текстови, сѐ до нагласено полемички теми. Во нив низ критичка опсервација на низа актуелни случувања од областа на книжевноста, културата, политиката, филозофијата и урбаните феномени е прикажан духот на нашето време. Данило Коцевски во оваа книга ја анализира улогата и позицијата на интелектуалците во современото општество. Книгата е поделена на три дела. Секој дел од тријадата „интелектуалци, политика и култура“ го загатнува односот помеѓу интелектуалците, политиката и културата. Овој однос станува особено интригантен во денешното време, кога владее глобална релативизација на вредностите, каде што не постојат цврсти средишта, авторитарни тврдења, беспоговорни вистини, идеологии и толкувања. Коцевски, на својот единствен и оригинален начин, преку своите текстови ги анализира основните прашања на денешното живеење – каква е и во што се состои политичката улога на интелектуалците денес и каков е нивниот однос кон политиката, општеството и културата. Всушност, книгата „Интелектуалци, политика, култура“ дава луцидни коментари за интелектуалната и политичката состојба кај нас и во светот. Книгата „Интелектуалци, политика, култура“ е обид не да се „избега“, туку напротив, да се биде во фокусот на настаните.

Цена: 500 ден

15 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Интелектуалци, политика, култура

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-51-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Интелектуалци, политика, култура”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in