Испрекината потрага* Противотрови

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 410 | Димензии: 20 | Корица: мека

Ежен Јонеско (1912‒1994), главно, го перципираме како респективен и планетарно славен драмски писател, еден од корифеите на таканаречениот театар на апсурдот што некогаш се атрибуира и како антитеатар. Полуларната култура одамна ги има „усвоено“ некои од очудените, дури и малкуцка бизарни наслови на неговите најекспонирани или најпопуларни пиеси, та за Ќелавата пејачка, за Столовите или за Носорогот наслушнале и оние што никогаш не ги читале или не ги виделе нивните сценски постановки.

Есеите на Јонеско, особено овие носорогистички „ангажирани“, зборуваат токму така. Директно и бескомпромисно. Низ нив, авторот агира од априорно ризичната позиција на автентичниот advocatus diaboli кој, по дефиниција, е човек што ги застапува непопуларните ставови, спротивставени на општото/доминантното мислење. Токму затоа, Јонеско и одбира овие свои есеи да ги именува со вкупното име противотрови. Верувајќи дека тие, доколку се земаат во соодветни дози, хипотетички би можеле да ги неутрализираат стапиците и заканите на времето што го споделуваме и на околностите што нè застрашуваат.

                Утопија, иронија, цинизам, потсмев... Вака, чинам, Јонеско и неговиот носорогизам би го квалификувале сите зихераши на овој свет. Кој денес, во овие несигурни глобализациски времиња, остава впечаток дека е пренаселен со зихераши, конформисти од сите бои и големини.

                Ама Јонеско ‒ сепак ‒ на сите ни импонира. Сè уште. Макар и во мали противотровни количества!

Цена: 315 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Испрекината потрага* Противотрови

Категорија:
ИСБН: 978-608-4721-28-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Испрекината потрага* Противотрови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in