Испрекината потрага* Противотрови
/Ежен Јонеско (1912‒1994), главно, го перципираме како респективен и планетарно славен драмски писател, еден од корифеите на таканаречениот театар на апсурдот што некогаш се атрибуира и како антитеатар. Полуларната култура одамна ги има „усвоено“ некои од очудените, дури и малкуцка бизарни наслови на неговите најекспонирани или најпопуларни пиеси, та за Ќелавата пејачка, за Столовите или за Носорогот наслушнале и оние што никогаш не ги читале или не ги виделе нивните сценски постановки.
Есеите на Јонеско, особено овие носорогистички „ангажирани“, зборуваат токму така. Директно и бескомпромисно. Низ нив, авторот агира од априорно ризичната позиција на автентичниот advocatus diaboli кој, по дефиниција, е човек што ги застапува непопуларните ставови, спротивставени на општото/доминантното мислење. Токму затоа, Јонеско и одбира овие свои есеи да ги именува со вкупното име противотрови. Верувајќи дека тие, доколку се земаат во соодветни дози, хипотетички би можеле да ги неутрализираат стапиците и заканите на времето што го споделуваме и на околностите што нè застрашуваат.
Утопија, иронија, цинизам, потсмев... Вака, чинам, Јонеско и неговиот носорогизам би го квалификувале сите зихераши на овој свет. Кој денес, во овие несигурни глобализациски времиња, остава впечаток дека е пренаселен со зихераши, конформисти од сите бои и големини.
Ама Јонеско ‒ сепак ‒ на сите ни импонира. Сè уште. Макар и во мали противотровни количества!
Reviews
There are no reviews yet.