Истанбул, Истанбул

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: istanbul, Istanbul | Бр. на страни: 297 | Димензии: 20 | Корица: мека

„Насилна љубовна поема за Истанбул, раскажана во паузите меѓу мачењата од четворицата затвореници во ќелијата под градот. Ода на болката која ги спојува Достоевски и Декамерон.“
Џон Ралстон Саул, писател, поранешен претседател на Меѓународниот Пен центар

„Околу Сонмез може да се види соѕвездие од книжевни светови, кои ги вклучуваат и Маркес, Танпинар, Толстој, Витгенштајн и иранската поетеса Форуг Фарохзад.“
Фабиот де Пропис, ил Манифесто

Содржина:

Четворица затвореници во една од подземните ќелии на Истанбул раскажуваат приказни за градот над себе, минувајќи го така времето меѓу мачењата. Четирите главни ликови: доктор, студент, старец и бербер, ги опишуваат различните лица на градот, секој на свој начин и преку сопствениот поглед на светот, раскажувајќи и за своите љубови и страдања. Во ќелијата наспроти нив, младата девојка е нем, но силен глас на непокорлив отпор. А под земјата и над земјата е градот Истанбул со сиот свој рај и пекол – најважниот лик во романот. Град во кој има исто толку страдање и надеж колку и во ќелиите под него.

Дејствието на овој роман се случува во текот на десет дена и како и Декамерон има десет поглавја, а наратор на секое од нив е еден од ликовите во ќелијата.

Цена: 450 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Истанбул, Истанбул

Категорија:
ИСБН: 978-608-256-116-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Истанбул, Истанбул”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in