Истанбулската самовила
Автор:
Бетул Авунџ
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
İstanbul Perisi |
Бр. на страни:
200 |
Димензии:
21х19,5
|
Корица:
мека
„Истанбулската самовила“ е приказна која со своите дворци, кули, морски сирени, историски и легендарни ликови претставува едно волшебно патешествие во светот на извонредните убавини на градот Истанбул, но таа воедно е и едукативна книга за младите која изобилува со податоци за древната престолнина.
Авторката Бетул Авунч е родена 1961 г. во Истанбул. Дипломирала на Катедрата за класична археологија на Истанбулскиот универзитет и магистрирала на Истанбулскиот технички универзитет на Катедрата за уметност. Авунч има објавено бројни написи, репортажи и интервјуа од областа на археологијата, митологијата, уметноста и туристичките патувања во разни весници и списанија во Турција. Со серијата романи за деца таа им го претставува културно-историското наследство на Анадолија на младите генерации, со што придонесува за популаризирање на археологијата и митологијата меѓу помладата генерација читатели.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.