Изгубениот хуманизам
Author:
Јасмина Мојсиева-Гушева
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2004
Original title:
Изгубениот хуманизам |
Num. of pages:
176 |
Dimensions:
140х200
|
Cover:
/
Книгата Изгубениот хуманизам се гради на тој начин што авторката дозволува сопственото Јас да се збогати преку гласовите на другите, кои одѕвонуваат низ нејзините текстови. Притоа таа понудува свој модел со кој преку литературата и од литературата може да се тргне на едно патување кон онтолошките предизвици на човековото постоење. Таа поставува некои егзистенцијални прашања, зашто смета, како Карл Јасперс, дека егзистенцијата е можна само како стремеж да се воспостави хармонија на суштеството и да се обидува да ги пронајде одговорите на тие свои прашања во самите книжевни дела или поточно да открие во нив ситуации што се допираат до нејзините лични преокупации. Кога го започнува своето патување Јасмина Мојсиева-Гушева тргнува со едно вознемирувачко прашање: Го изгубивме ли некаде попат хуманизмот? или поточно: Ги изгубивме ли трите негови димензии: љубовта кон човекот, вербата во човекот и ослободувањето на човекот? - д-р Весна Мојсова-Чепишевска
Reviews
There are no reviews yet.