Јавач на китови

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: The whale rider | Бр. на страни: 128 | Димензии: 145x205 | Корица: мека

Традиционално водено од маж-поглавар, маорското племе од Вангара – чиј митски предок Паикеа дојавал на брегот на грбот од еден огромен кит – се соочува со една непредвидена неугодност: првороденото правнуче и единствен вистински наследник на веќе стариот и изнемоштен поглавар Коро е широкоокото девојче по име Каху. Коро е растргнат пред својата должност да ги зачува традициите загрозени од налетот на модерното време и неможноста да ја продолжи средишната: лозата на моќни машки поглавари. Кризата се продлабочува кога на брегот на Вангара се насукува јато китови. Иако племето храбро се бори да ги спаси и да ги врати во океанот, тие еден по еден почнуваат да умираат. Настаните кулминираат со насукувањето на еден огромен кит со сребрена тетоважа на челото кој племето го смета за светиот кит на Паикеа. Меѓу вербата дека опстанокот на Маорите зависи од нивната способност да го спасат светиот кит и борбата на Каху за љубовта и одобрувањето на нејзиниот дедо, се разоткрива приказна за една од оние судбини во кои митското се прелева во реалното, а реалното постанува нов незаборавен мит.
Во 2002 година, во режија на Ники Каро, Јавачот на китови беше адаптиран за големото платно. Свеж и трогателен како и романот, филмот на Каро е избран за еден од десетте најдобри филмови на годината, а главната актерка – Кеиша Кесл-Хјуз – е сè уште најмладата актерка номинирана за Оскар.
Биографијата на Вити Ихимара ќе биде секогаш тесно испреплетена со модерната историја на еден древен народ: неговата Пунаму Пунаму (1972) е првата збирка раскази од маорски автор, а Танги (1973) е првиот маорски роман. Плодотворен и неуморен, Ихимара досега има напишано девет романи и пет збирки со кратки раскази, а се јавува и како уредник на многубројни антологии и научни дела. Пишува и дела за сценски изведби (автор е и на едно оперско либрето). Долги години бил дипломат, а моментно предава англиска книжевност и креативно пишување на Универзитетот во Окленд.

Цена: 250 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Јавач на китови

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-960-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Јавач на китови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in