Јавно мислење и масовни комуникации

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: / | Num. of pages: 168 | Dimensions: 17х24 | Cover: мека

Јавното мислење е највиталниот концепт во општествените науки, а широко распространет во социологијата, психологијата, историјата, политичките науки, комуникациските истражувања. Проблемот поимовно да се определи јавното мислење можеби најдобро го илустрира забелешката на Ки, кој вели: „Да зборуваш за јавното мислење прецизно е исто како и да се обидеш да го фатиш Светиот Дух.“ Во книгата се определуваат и поимите за јавност и потребата од дебата, а овој јавен форум би бил невозможен без средствата за масовно комуницирање, кои (зло)употребени стануваат моќна пропагандна алатка. Јавното мислење не смее да биде сфатено само како збир на анкетни резултати и калеидоскопот од поединечните и колективни мислења не може да биде детално разбран ако се ограничи единствено на анализирање на поединечните елементи од процесот на јавно мислење. Затоа, во оваа книга професорката Викторија Кафеџиска му пристапува на јавното мислење и го анализира како сложен тридимензионален комуникациски процес (јавност, дебата и формирање на јавна сфера). На овој начин, се обидува на читателот да му го претстави комплексниот свет на јавното мислење како збир од повеќе важни и суштински елементи, кои подеднакво влијаат врз јавното мислење и кои, ако се изоставени од анализата, не би објасниле веродостојно што точно подразбираме под јавно мислење.

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Јавно мислење и масовни комуникации

Category:
SKU: 978-608-243-350-9

Questions and Answers

You are not logged in