Јазични игри 1
Author:
Љубица Севдинска
Publisher:
Просветно дело |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Јазични игри 1 |
Num. of pages:
70 |
Dimensions:
20
|
Cover:
тврда
Нашите деца, нашето најголемо богатство, се нашиот најголем предизвик на патот кон нивното осамостојување и оспособување за успешен од по животните врвици. И овој прирачник има интенција да помогне во тој процес на нивното оспособување, конкретно преку следниве основни цели: - спонтано и занимливо поттикнување за користење на говорот како основно средство за воспоставување на нови контакти, изразување на мислите, чувствата и доживувањата; - воведување во слушање со разбирање на говорот на другите; - оспособување за воспоставување на културен однос со луѓето од околината, како и за примена на соодветната јачина на гласот и темпото на говорот во конкретна говорна ситуација. Овој прирачник нуди многу занимливи игри кои може да се применуваат дома, во училиштето, на гости, но и како дел од слободните игри на децата. Бидете и вие учесници или водители на јазичните игри низ кои детето спонтано ќе го применува говорот, а вие ќе бидете неговите коректори, насочувачи и поттикнувачи. Снимените материјали на ЦД-то ќе ви помогнат полесно и поуспешно да ги реализирате поставените цели. Веруваме дека задоволството од постигнатиот успех со вашите деца низ работа со овој прирачник нема да изостане. - Авторите
Reviews
There are no reviews yet.