Јазичните особености на кирилските епиграфски споменици во Македонија

Издавач: Датапонс | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Јазичните особености на кирилските епиграфски споменици во Македонија | Бр. на страни: 164 | Димензии: 145х205 | Корица: тврда

Трудот на Марија Паунова претставува значаен влог во проучувањето на кирилските епиграфски споменици во Македонија како вреден јазичен извор. Паунова констатира дека иако порано биле доминантни ставовите дека епиграфските споменици се напишани на чист народен јазик, од денешен аспект и со оглед на нејзината обемна и аргументирана анализа, тие треба да бидат надминати. Во тој контекст, во рамките на кирилската епиграфика, црковнословенскиот јазик се афирмирал како јазик на натписите и на записите и како таков бележи построго придржување до нормата. Отстапките во однос на канонската состојба се објаснуваат повеќе како резултат на ограниченоста на содржината на записите и на натписите отколку на конзервативноста на нивниот јазик. Воедно, таа укажува на тоа дека Светиклиментовата традиција, како директно продолжување на кирилометодиевското дело, несомнено егзистира и на епиграфски терен.

Цена: 300 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач ДАТАПОНС

Report an abuse for product Јазичните особености на кирилските епиграфски споменици во Македонија

Категории: ,
ИСБН: 9786082221175

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Јазичните особености на кирилските епиграфски споменици во Македонија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in