Јога-анатомија
Author:
Лесли Каминоф
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Yoga-Anatomy |
Num. of pages:
275 |
Dimensions:
177х254
|
Cover:
/
Илустриран прирачник на положби, движења и техники на дишење
Најпродаваниот анатомски водич за јога сега е дополнет, проширен и подобар од кога било!
Со повеќе анатомски илустрации во боја и детални информации, второто издание на Јога-анатомија ви овозможува подлабок увид во структурите и принципите што се суштински за секое движење и за јогата воопшто.
Од дишењето до стоечките положби и инверзиите, ќе видите како одредени мускули реагираат на движењето на зглобовите; како промените на една положба можат да ја зголемат или да ја намалат ефикасноста; и како 'рбетот, дишењето и положбите на телото се суштински поврзани.
Без разлика дали штотуку го почнувате вашето патување или практикувате јога со години, Јога-анатомија ќе биде скапоцен ресурс што ќе ви овозможи да го видите секое движење во сосема нова светлина.
Со Јога-анатомија, авторите Лески Каминоф и Ејми Метјус, двајцата меѓународно признати експерти и учители по анатомија, техники на дишење и движење на телото, создадоа врвна референција за сите оние што практикуваат јога - и инструкторите и ентузијастите.
Reviews
There are no reviews yet.