Јовано, Јованке
Автор:
Душко Георгиевски
Издавач:
ФОЛКОНИКА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
978-608-66759-1-2 |
Бр. на страни:
16 |
Димензии:
21х31 сm
|
Корица:
мека
Музичка фолк сликовница за деца, уникатна со својот концепт, новина во детското издаваштво кај нас. Спој на македонското народно музичко творештво и македонската ликовна уметност. Инспирација од познатата и популарна, македонска народна песна, „ЈОВАНО,ЈОВАНКЕ“, која на страниците на сликовницата е мелографирана и обработена од долгогодишен музички педагог Славејко Гиразов, исполнувајќи ги целите, да биде прифатлива и со текст и тема за децата. Целта е да се даде придонес кон зачувување на македонското музичко народно културно наследство и фолклорното творештво и тоа да им се понуди на децата во една форма, која ќе биде прифатлива за нив, за да го засакаат и продолжат да го негуваат, како наше национално богатство. Но, децата да спознаваат и нови естетски содржини, преку ликовните дела, со што ќе се воспитуваат и градат култура на вредности. Сликовницата на своите страници го содржи текстот на песната и нотни записи за истата, распоредени според строфите на страниците.
Сликовницата е збогатена со страници за цртање и боење, со народни инструменти, со цел децата преку боење, да ги научат инструментите, многу повеќе, но и да направат нивна ликовна креација, на народна песна.
За поголемо естетско доживување на песната и содржината, одбрани се колоритни илустрации - уметнички дела, од познатиот академски сликар Горан Боев, автентични на текстот од строфите, со кои се заокружува целата приказна на песната, за да допре до децата од најмалата возраст и да остане врежана во нивната меморија. Ликовното и графичко уредување го направи Мила Георгиевска и Медија консалтинг Скопје.Сликовницата е вистинско естетско-музичко доживување за децата, со својот дизајн и колорит, со кој со сигурност ќе ги плени детските срца и ќе можат да читаат, пеат, свират, бојат и цртаат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.