Југославија, моја дежела
Автор:
Горан Војновиќ
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Jugoslavija, moja dežela |
Бр. на страни:
300 |
Димензии:
20х13
|
Корица:
мека
Луѓето помнат, тоа е нивното најголемо проклетство.
Со својот препознатлив стил, остриот и жив јазик, со умешното и луцидно раскажување Војновиќ во романот Југославија, моја дежела ги демитологизира Балканот и Југославија и на новите генерации им овозможува еден поширок и понепосреден поглед на она што се случуваше во војните на деведесеттите години на минатиот век на просторите на некогашната заедница. Југославија, моја дежела, го поставува прашањето на смислата на сите војни, прашањето на злото, на вината, прашањето на односот татко-син, како и прашањето дали злосторствата може да се оправдаат и дали децата треба да ги плаќаат гревовите на своите родители.Насловот на романот асоцира на популарниот слоган од крајот на осумдесетите години во Словенија, кој гласи: „Словенија, моја дежела“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.