Југословенскиот комунизам и македонското прашање
Автор:
Stephen E. Palmer
,
Robert R. King
Издавач:
Датапонс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Yugoslav Communism and the Macedonian Question |
Бр. на страни:
308 |
Димензии:
145х205
|
Корица:
/
Книгата на Палмер и Кинг од 1971 се состои од три делови - периодот меѓу двете светски војни, периодот за време на Втората светска војна и периодот после 1944 година - од кои третиот дел содржи бомба за југословенската држава од седумдесеттите години на 20-тиот век: "македонизирањето" на Македонија не било, како што гласел југословенскиот социјалистички наратив, "природен процес" што влече корени од 19-тиот век, па и од средновековието, туку резултат на безмилосно и крваво уништување на се што било бугарско во регионот. Српските и македонските комунисти профитирале од прекинот на односите меѓу Тито и Сталин во 1948, затоа што прекинот на односите со Советскиот Сојуз им овозможил да ги етикетираат про-бугарските партиски членови и други јавни дејци како "сталинисти", да ги испратат во казнени логори на Јадранот, да ги принудат да пребегнат во Бугарија, па дури и физички да ги ликвидираат. Книгата се темели на широк спектар современи извори собрани од Стивен Палмер и материјал од досиејата на Радио Слободна Европа / Радио Слобода
Questions and Answers
You are not logged in