Како да се успее во денешниот свет
Author:
Дејл Карнеги
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
How to succed in the world today |
Num. of pages:
154 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
Од животот ќе добиете само толку колку што сте вложиле во него.
Сакате ли да научите како да напредувате? Да ги откриете сите нешта што влијаат врз успехот во секоја професија и во сите животни односи? Сакате да им се допаѓате на луѓето?
Ако сте одлучни да напредувате, да си овозможите финансиска стабилност, да оставате добар впечаток каде и да одите, научете ги вештините на Дејл Карнеги. Со нивна помош многу обичните луѓе се преобразија во извонредни.
Авторот на „Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето“, една од најпродаваните книги за самопомош на сите времиња, ви открива како да:
- размислувате позитивно за себе
- ги одржувате умот и телото во добра форма
- стекнете победнички став
- бидете самоуверени и им влевате доверба на луѓето
- остварувате добра комуникација
- оставате траен впечаток
и многу, многу повеќе!
Како еден од највлијателните луѓе во областа на личниот и професионалниот развој, Дејл Карнеги има неверојатна способност да ги разбуди и распламти скриените дарби на луѓето. Оваа негова книга ни открива магичен клуч за среќа и успех и ги отвора вратите кон неверојатен живот.
Reviews
There are no reviews yet.