Како ги дресираме мама и тато

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Како ги дресираме мама и тато | Num. of pages: 102 | Dimensions: 23 | Cover: /

На првите страници од книгава ќе ја најдете следнава информација: текст - Вмдимир Петрушевски. Ова мора да биде прокоментирано... Точно е дека јас го запишав текстот (онолку веродостојно колку што ми дозволува мојата слоновска меморија). Не се сомневам дека ова (демек, бележењето) го сторив пристојно. Сепак, не би сакал да им го одземам авторството на моите две ангелчиња (јас си ги викам Ѓаволчиња) Во целата книга, се што е дадено е осмислено и изговорено од нив. За она што не е нивно, веднаш е објаснето дека не e! Како и да е, има сосема мал таков дел - па нема повеќе да додевам околу тоа. Иако раѓањето (поточно, вадењето) на моите две ќеркички се случи релативно скоро (пред некои шест годинки), без претерување се осмелувам да изјавам дека тоа беше најважниот настан во мојот краткичок (речиси 65 годинки) живот. Тогаш, смеам ли да го прескокнам и да не го овековечам настанов (преку нив самите, односно нивните зборови)? Јазикот ми е онаков каков што ми дошло. Добар дел од книгата е на чист македонски јазик, ама повремено ме прифаќа да пишам дијалектички (!), па така во не мал дел од текстот е експлоатиран скопскиот говор, со придружните србизми, потоа битољскио, охрицкио... На места ми летнува нешто „от истоко" и така... Зошто така? Еми, оти така ми има дојдено! Можииии? Не можи?!? Ми е гајле! Квазиавторо

Price: 420 ден

10 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Како ги дресираме мама и тато

Category:
SKU: 978-608-223-630-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Како ги дресираме мама и тато”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in