Како вода за чоколада
Автор:
Лаура Ескуивел
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Como aqua para chocolate |
Бр. на страни:
235 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
Приказната e сместена во Мексико во 19 тиот век. Мама Елена е главна во семејството кое го сочинуваат само жени.Таа има три ќерки: Росандра, Гертрудис и Тита.
Приказната се врти околу Тита, која буквално е родена во кујната и која е најмлада од сите три. Како најмала таа е нераскинливо поврзана со мајка ѝ, и е постојано околу неа помагајќи ѝ (да не речам служејќи ѝ). Тита нема да биде во можност да се омажи и да формира сопствено семејство баш поради таа поврзаност со Мама Елена.
Но работите одат само од лошо кон полошо...
Петнаесет годишната Тита е вљубена во едно момче, Педро. Кога Педро доаѓа да ја побара раката на Тита, матријархатот во тоа мало општество, Мама Елена го одбива, но му ја нуди својата најстара ќерка Росаура.
За жал Педро ќе ја прифати понудата, само за да биде близу до Тита, неговата вистинска љубов.
Мама Елена е свесна за љубовта помеѓу Тита и Педро и цело време ќе се грижи тие двајца да не останат насамо. Тита е принудена сè повеќе да останува во кујната и да ги подготвува фамилијарните оброци.
1 оценка за Како вода за чоколада
Questions and Answers
You are not logged in
Катерина Ангелова (верификуван корисник) –