Калевала

Автор: /
Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Карело-финский народный эпос | Бр. на страни: 404 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Приредена од Елијас Ленрот, безмалку 23.000 стихови долгата „Калевала“ е најпознатиот фински народен еп, еден од најважните документи во финската историја, клучен прилог во создавањето на финската народна самосвест и зацврстувањето на финскиот национален идентитет.

Според Ленрот, Калевала е книга „во која се опфатени дејноста, животот и древноста на нашите предци“. Иако во неа нема основно сиже што ги опфаќа сите пеења, таа пред нас распостила еден волшебен пагански свет што го запознаваме од неговото почетно создавање до раѓањето на Христос. Колку под влијание на редакторските интервенции на Ленрот, толку и под притисок на народната колективна меморија, речиси сите настани во делот се поврзани со тројцата пријатели, соборци и соперници, стариот песнопоец-бајач Вејнемејнен, баш-ковачот Илмаринен и младиот и палав Леминкејнен, а еден помал дел се однесуваат на несреќното момче Кулерво.

Пишувани во разлабавен трохејски тетраметар (што, секако, се приклонува на посебни правила), богати со паралелизми и алитерации, со хиперболи и хијазми, стиховите од „Калевала“ оддишуваат со оној егзотичен раскош што може да го поседува само неколкувековната меморија на далечните простори – поради што се постојана инспирација и неодминливо светско книжевно наследство.


Цена: 350 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Калевала

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-037-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Калевала”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in