Казнено процесно право
Материјалот што е даден е претставен концизно и лесно е разбирлив. Го обработува целиот тек на постапката истовремено овозможувајќи практичен вовед во оваа материја, како и надградување за оние што ја познаваат. Консумирањето на текстот е олеснето преку многубројни примери и инструкции содржани во забелешките. Цитирани се само најважните пресуди што се доволни за да се утврдат суштинските дебати од досегашната стручна литература.
Авторот, проф. Фридрих-Кристијан Шредер, поранешен редовен професор на Универзитетот во Регенсбург, се обидува да му го претстави на читателот казненото процесно право како интересна материја. Целта е да се пренесе, односно да се освежи знаењето за казненото процесно право. За тоа да се постигне треба да се обработи основната структура на кривичната постапка. Оној што го разбира веќе утврдениот систем и главните проблеми на Законот за кривична постапка, исто така, треба да знае да развие соодветни аспекти за поединечните проблеми со кои дотогаш се нема сретнато, а кои би можеле да се земат предвид при решавањето на проблемот. Знаењата добиени од оваа книга се и повеќе од релевантни.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Казнено процесно право
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –