Клубот на неповторливите оптимисти

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Le club des incorrigibles optimistes | Бр. на страни: 647 | Димензии: 21 | Корица: /

Клубот на непоправливите оптимисти е еден од најуспешните документарни романи во современата француска книжевност, во кој фикцијата на авторот се преплетува со реалните историски личности, како Жан-Пол Сартр и Албер Ками. Авторот на брилијантен начин ја доловува атмосферата во Париз во педесеттите години, создавајќи прекрасна, меланхолична и трогателна приказна за детството и младоста поминати во еден бурен период од историјата на Европа.

Мишел Марини има дванаесет години и во својот живот има неколку големи страсти – фудбалот, книгите и шахот. Токму овие три големи љубови го водат младиот Мишел во бистрото „Балто“, во еден од сиромашните квартови на Париз. Во тој легендарен ресторан има и една скришна сала, каде Мишел ќе открие луѓе кои не се среќаваат често по париските улици, а кои се членови на шаховскиот Клуб на непоправливи оптимисти. Момчето ќе успее да се избори за своето место во тој храм на интелектот и духовноста и ќе ја запознае судбината на многу луѓе кои побегнале од источната на западната страна на Железната завеса, но ќе ги сретне и великаните на европската филозофија и книжевност. Во овој чудесен роман Жан-Мишел Генасија создава хроника на една младост, но исто така и незаборавна слика за Франција во средината на XX век. Клубот на непоправливите оптимисти е своевидна ода на хуманизмот, младоста и човековата истрајност. Ова е една од оние книги што се прераскажуваат, се препрочитуваат и никогаш не се забораваат.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Клубот на неповторливите оптимисти

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-449-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Клубот на неповторливите оптимисти”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in