Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 9
Author:
Група автори
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
中华思想文化术语 6, Key Concepts in Chinese Thought and Culture |
Num. of pages:
220 |
Dimensions:
200 х 140
|
Cover:
/
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик. Последен том од серијата. Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите. Овие концепти и изрази се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на длабочината и широчината на неговата мисла. На кинескиот народ денес тие му служат како клуч за подобро разбирање на еволуцијата на својата древна филозофија и на развојот на својата литература, уметност и историја. За другите народи, пак, овие концепти ја отвораат вратата за разбирање на духовниот свет на современа Кина и на кинескиот народ. * Царот Вен од династијата Џоу го запрашал Ѓианг Таигонг: „Би сакал да прашам: кои се најважните работи во управувањето со една земја што мора да се направат за да ужива владетелот во почитта, а луѓето да имаат мир?“, Ѓианг Таигонг одговорил, „Само љубовта спрема луѓето“. Царот Вен прашал: „Како некој ги сака луѓето?“ Ѓианг Таигонг рекол: „Дозволете им на луѓето да се здобијат со профит и не ги попречувајте; помогнете им на луѓето да постигнат успеси и не ги уништувајте; дозволете им на луѓето да живеат и не им наштетувајте; дајте им на луѓето помош и не им ја земајте; дајте им на луѓето радост, а не страдање; направете ги луѓето среќни, а не лути.“ („Шесте стратегии“)
Reviews
There are no reviews yet.