Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2023
Original title: 中国传统法治文化术语 | Num. of pages: 124 | Dimensions: 200 х 140 мм | Cover: мека

Книгата се состои од три дела: Филозофија на правото, Правен систем и Правна култура и претставува збирка со 107 поими или фрази од кинеската традиционална правна култура и нивно толкување. Тие се засновани на социјалистичката теорија за владеење на правото со кинески карактеристики. Традиционалната култура на владеење на правото е поткрепена со современо толкување на древната филозофија на правото, институциите и културите, и користење на современи теории на правото.

Низ својата долга историја, развојот на кинеското владеење на правото бил збогатен со многу брилијантни идеи, системи и култури. Овие мудри постигнувања, не само што се цврстиот темел на кој стои Кина, туку се и важна движечка сила за постојан напредок на кинескиот народ. Традиционалната култура на владеење на правото во себе ја содржи есенцијата на развојот на кинеското владеење на правото. Општо кажано, т.н. „традиционализација“ е толкување на статичното и „старо“ право од страна на денешните генерации кои користат современа теорија на правото. Во текот на својот развој, традиционалното владеење на правото во Кина, содржејќи ја истата мудрост, како и современиот концепт, акумулирало вредно богатство од ресурси кое може да се спореди со која било друга древна цивилизација. Релевантните истражувања повторно ги откриваат и ги толкуваат конотациите на древното право заради референца во современото општество. Изучувањето на кинеската традиционална правна култура не е само систематски проект за враќање на сјајот на древната правна култура, туку е и длабоко патување за истражување на потеклото на современата кинеска правна мисла.

На крајот, книгата содржи список по збучен ред на објаснети концепти и куса хронологија на кинеската историја.

Price: 200 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото

Categories: , ,
SKU: 978-608-252-202-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in