Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: The book you wish your parents had read | Бр. на страни: 278 | Димензии: 21 | Корица: мека

Книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители од Филипа Пери

Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како да го постигнете тоа?

Една од најзначајните и најубавите врски во животот е поврзаноста со нашите родители и со нашите деца. Но и покрај тоа, во многу семејства овие врски знаат да тргнат во погрешен правец и многу тешко можат да се вратат во нормалниот тек. Оваа книга зборува токму за тоа – што ни ја отежнува поврзаноста со нашите деца и како да ги зацврстиме своите односи.

Наместо да ни го даде совршениот план чекор по чекор, Пери ни овозможува да си создадеме слика за тоа кои нешта ќе нè доведат до добар и здрав однос меѓу родителот и детето. Оваа освежувачка книга, ослободена од секакви ограничувања и осудувања, ќе ви помогне:

- да разберете како воспитувањето може да влијае врз вашата родителска улога
- да го прифатите фактот дека ќе правите грешки, но и дека ќе учите од нив
- да ги прекршите правилата и да излезете од затворениот круг
- да се справите со сопствените емоции и со чувствата на вашите деца.

Полна со мудрост и совети што се добри за духовното и физичкото здравје на вашето семејство, ова е книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители, а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте го направиле тоа.

„Извонредна книга – многу мудра и човечка.“
Ричард Осман

Цена: 450 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-879-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in