Книга за Уна
Автор:
Фарук Шехиќ
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Knjiga o Uni |
Бр. на страни:
221 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
Награда Меша Селимовиќ (2011) Награда за литература на ЕУ (2103) „Книга за Уна“ е сведоштво дека книжевноста е способна да помогне, дека има активна терапевтска функција, но не само тоа. Оваа книга е сведоштво дека литературата може да досегне и да му овозможи на читателот увид во метафизичката структура на светот, да ги направи нештата блескаво јасни. Едноставно, се работи за ремек-дело. Владимир Арсениќ E-novine „Книга за Уна“ на Фарук Шехиќ е можеби најубаво напишаната книга за една од најгрдите, најодвратните војни кога било… Оља Савичевиќ Иванчевиќ tportal.hr Со тоа секако е поврзан бесот, вкусот на бесмисленост и пораз. Во тоа лутење Шехиќ е поетски интуитивен, отворен, па на темата војна успева да го забележи она страшното, и тоа однатре, од потресеното прво лице. (…) Стекна име – и преводи – со поезија и со раскази („Под притисок“). Романот „Книга за Уна“ е добра, од војната потресена проза. За несмирените. Роберт Перишиќ Globus Без оглед дали сонуваната книга на Хусар, како темел на некоја нова култура, е воопшто можна, луѓето формирани на литературата каква што е онаа на Шехиќ или на филмовите како што е „Валцер со Башир“, малку потешко ќе бидат регрутирани за „свети“ цели отколку сите оние воспитувани на културните обрасци за херојот и жртвата… Драшко Луковиќ Al Jazeera Balkans
Оценки
Сѐ уште нема оценки.