Кога Ниче плачеше
Author:
Ирвин Јалом
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2008
Original title:
When Nietzsche wept |
Num. of pages:
358 |
Dimensions:
140 x 205
|
Cover:
мека
Од авторот на бестселерот Џелат на љубовта доаѓа неодолива мешавина од факти и фикција, драма за љубовта, судбината и волјата, што се одигрува во интелектуалното превирање на Виена во деветнаесеттиот век, пред самото раѓање на психоанализата. Фридрих Ниче, најголемиот европски филозоф... Јозеф Бројер, еден од татковците на психоанализата... таен договор... младиот стажист Сигмунд Фројд: тоа се елементите кои заедно ја сочинуваат сагата за фиктивниот однос меѓу необичниот пациент и надарениот исцелител. Овој импресивен роман започнува така што неодоливата Лу Саломе го моли Бројер да го лекува самоубиствениот очај на Ниче со својата експериментална терапија со разговор. Кога еминентниот лекар колебајќи се, ќе ја прифати задачата, ќе дојде до значајно откритие, само ако се соочи со сопствените внатрешни демони, ќе биде во состојба да му помага на својот пациент. Во овој роман, што го апсорбира сето наше внимание, двајца брилијантни и загадочни луѓе проникнуваат во длабочините на сопствените романтични опсесии и ја откриваат спасувачката моќ на пријателството.Задоволство за читање, како поради интригантните дискусии за филозофијата и психотерапијата така и поради впечатливото оживување на необичните личности на Ниче и Бројер. Сан Франциско кроникл Не се испушта од раце. Возбудлива, одлично напишана приказна, која на читателите што сакаат романи за идеите им нуди уживање какво што одамна немале. Вашингтон тајмс
5 reviews for Кога Ниче плачеше
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Silvana Mojsovska (verified owner) –
Denis Benderov (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –