Компјутерски мрежи

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Computer Networks | Бр. на страни: 920 | Димензии: 175x243 | Корица: /

Овој класичен бестселер ги одразува најновите и најважни технолигии за вмрежување со посебен акцент на безжичните мрежи вклучувајќи ги 802.11, Блутут, широкопојасни безжични мрежи, ад хок-мрежите, i – режимите и WAP. Секако, застапени се и фиксните мрежи како што се ADSL, кабелски интернет, гигабит етернет, партнерски мрежи, NAT и MPLS. Вметнати се 60-тина странции за апликации од типот на интернет-радио, глас преку IP и видео по барање. Нормално е едно цело поглевје да се посвети на мрежната сигурност.
Авторот Ендру С. Таненбаум е професор по компјутерски науки на Универзитетот „
Vrije“ – Холандија и научен директор на Данскиот факултет ASCI. Член е на IEEE и на ACM. Добитник е на наградата ACMKarl V.Karstrom за исклучителен едукатор. Сето ова е доволен доказ за квалитетот на оваа книга во која внимателно се објаснети мрежите и нивната работа „однатре“, постојниот хардвер за физичкиот дел и апликациите од највисоко ниво.
Дадени се детални описи за секоја тематика одделно со многу примери, при што се разработува дизајнирањето и организацијата на мрежите. Тие може да бидат во најразлични големини и форми, но, сепак, еден создавач на мрежа треба да ги избере најоптималните решенија, и тоа решенија за компании, за мобилни корисници, како и за домашни мрежи. За крај, да си го поставиме прашањето: „Зошто луѓето се заинтересирани за компјутерските мрежи и за што сé можат да се користат?“ Одговорот е даден на околу 900 страници.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2990 ден

193 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Компјутерски мрежи

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-59-1

1 оценка за Компјутерски мрежи

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in