Концепт мама
Издавач:
А. Шекутковска Докоска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Концепт мама : модерен прирачник за бременоста, раѓањето, почетокот на мајчинството и градењето доверба во себе и своето тело |
Бр. на страни:
416 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
„Концепт мама” е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети. Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би ѝ било неопходно на една современа мајка да знае: трите тромесечја на бременоста, поглавје за вежбање јога и за дизајнирање на домот, подготвување за породувањето и раѓањето, насоки за снаоѓање во првите месеци по раѓањето преку сопственото созревање, масажа на бебето, следење на неговиот развиток и откривање на нашите идентитети како родители во градот. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и ја следи светската традиција идните родители да се информираат преку книги. „Концепт мама” е моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.