Корени

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Корени | Num. of pages: 72 | Dimensions: 20 | Cover: мека

„Корени“ е поезија што ги содржи сите карактеристики на поетскиот ракопис на Ристо Маџунков. Тоа е еден препознатлив и самосвојствен поетски израз во кој поетот суверено гради богати поетски слики со минимален јазичен материјал. Не дека на овој поет малку му се пее или нема што да каже, туку негов начин тоа да го прави е од едното, од малото, да го пресоздаде целото. И навистина, успева во тоа во речиси секој стих.

Во неговите стихови нема вишок зборови и тие течат и смисловно и мелодиски-интонативно беспрекорно, издвојувајќи го напред неговиот реален човечки, поетски глас, и кога читателот би го слушнал поетот како ги чита своите стихови, би сфатил или дека и тој така во себе ги чита, или, ако сепак не, дека целосната полнота на изразеното доаѓа токму откако читателот ќе успее така да ги прочита, ако воопшто е можно. Тоа нема врска само со доживувањето на стиховите, секако и тоа, туку пред сè со умешноста на поетот до тој степен да го стегне изразот од кој значењата слоевито, но и строго точно излегуваат онака како што замислил. Ретка е таа умешност и бара посебен сензибилитет.

Овој поет верува дека само Седржителот и Содржателот е вечната промена низ која минуваме. Наше е само да издржиме. Сè. И да станеме вечно сеќавање, живот од животот.“

Price: 250 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Корени

Categories: ,
SKU: 978-608-243-574-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Корени”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in