Кратки одговори на крупните прашања

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Brief answers to the big questions | Бр. на страни: 216 | Димензии: 20 | Корица: тврда

Светски најпознатиот космолог и автор на бестселерот Кратка историја на времето, во ова брилијантно постхумно дело ни ги предава своите последни размисли за најкрупните прашања за универзумот. Како настанал универзумот? Дали човештвото ќе преживее на Земјата? Постои ли интелигентен живот вон нашиот Сончев систем? Можно ли е вештачката интелигенција некогаш да нè надмине? Во текот на својата исклучителна кариера, Стивен Хокинг го прошири нашето разбирање за универзумот и ни откри некои од неговите најголеми мистерии. Но, иако неговата теориска работа на црните дупки, имагинарното време и мноштвото истории го одведе неговиот ум до најдалечните предели на вселената, Хокинг исто така веруваше дека науката игра суштинска улога во решавањето на проблемите тука, на Земјата. А сега, кога се соочуваме со потенцијално катастрофални промени – вклучително и климатските промени, заканата од нуклеарна војна и развивањето суперинтелигенција – Стивен Хокинг го свртува своето внимание кон најнепосредните прашања за човештвото. Широкоопфатна, интелектуално стимулативна, посветено аргументирана и проткаена со неговиот карактеристичен хумор, КРАТКИ ОДГОВОРИ НА КРУПНИТЕ ПРАШАЊА, последната книга на еден од најголемите умови во историјата, е лично гледиште за предизвиците со коишто се соочуваме како човечки род и за тоа кон каде ние, како планета, одиме понатаму.

Цена: 250 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Кратки одговори на крупните прашања

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-596-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кратки одговори на крупните прашања”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in