Краток приказ на микробиологијата
Ова издание му овозможува на читателот да ја сфати темата брзо и лесно, бидејќи фокусот е насочен кон суштинскиот материјал. Тука се нуди структурен пристап кон учењето и содржи јасни и едноставни илустрации. Сето ова е постигнато благодарение на авторите: Симон Бејкер (Факултет за биолошки и молекуларни науки при Универзитетот „Оксфорд“), Џејн Никлин и Навид Кан (Оддел за биологија при Колеџот „Бирбек“) и Ричард Килингтон (Оддел за микробиологија при Универзитетот „Лидс“).
Книгата е поделена во 12 поглавја: Свет на микробите, Систематика, Микробиологија, Раст на микробите, Метаболизам на микроорганизмите, Прокариотски метаболизам ДНК и РНК, Индустриска микробиологија, Бактериски инфекции, Преглед на еукариотските микроби, Фунги и поврзани филуми, Хлорофити и Протисти и вируси. Ова е еден одличен учебник, кој му дава на студентот сè што му е потребно во правилно дозирани количества. Благодарение на овој текст, микробиологијата не е повеќе тема што треба само да се помине на испитот, туку нешто што претставува основа за откривање на нови интереси. Топло им ја препорачуваме на сите читатели што имаат интерес за оваа тематика, без разлика на кое академско ниво се наоѓаат моментално.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 review for Краток приказ на микробиологијата
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –