Краток водич за долг живот
Author:
Дејвид Б. Агус
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
A short guide to a long life |
Num. of pages:
188 |
Dimensions:
125х195
|
Cover:
/
Најважни се малите дневни навики! До ова сознание д-р Агус доаѓа работејќи како еден од најдобрите светски лекари и експерти за канцерогени заболувања. По неговиот бестселер бр. 1 според Њујорк тајмс – Крајот на болеста, ни доаѓа овој мал по формат но голем по значење илустриран прирачник полн со едноставни, кратки и повеќе од корисни препораки и совети.
Поделен во три дела – Што треба да правите, Што треба да избегнувате и Препораки од лекарот – прирачникот ни ги дава конечните одговори на многу прашања кои се однесуваат на секојдневниот живот и здравјето. Изнесувајќи 65 правила за здравје и долговечност, тој ќе ни помогне да развиеме здрави навики користејќи широко достапни алатки кои ќе ни гарантираат здрав, исполнет и долг живот.
Оваа книга е потсетник дека утрешното здравје почнува денес. Форчн
Убавината на оваа е книга е што е кратка, јасна и без стручни медицински поими. Напишана да спречи, а не да лекува. Паблишерс викли
Reviews
There are no reviews yet.