Криминологија
Author:
Ангелина Станојоска
,
Пере Аслимоски
Publisher:
Универзитет "Св. Климент Охридски" |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Криминологија |
Num. of pages:
391 |
Dimensions:
25
|
Cover:
мека
Книгата „Криминологија“ преставува прв универзитетски учебник по Криминологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Истата, ги анализира основните поими на криминолошката наука, како и нејзините два дела. Во делот на криминалната феноменологија обработени се најчестите појавни облици на криминалот, притоа се објаснети нивните феноменолошки карактеристики во Република Северна Македонија, преку употреба на податоци од Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика (1995 - 2017), како и од сопствени истражувања на авторите. Делот за криминалната етиологија обработува голем дел од теоретски објаснувања за појавата на криминалното однесување. Опфатени се демонолошките, како ненаучни, но и натуралистичките објаснувања за криминалното однесување, како и класичната и антрополошката школа, биолошките, психолошките и социолошките теоретски објаснувања на криминалното однесување. Во третиот дел накратко се обработени методите и техниките кои се употребуваат во криминолошките истражувања. Книгата „Криминологија“ може да ја користат студенти на кој било од трите циклуси на студии, како и други читатели кои се заинтересирани за криминолошката наука и нејзиното изучување на криминалното однесување како масовна општествена појава и како поединечно, индивидуално однесување.
Questions and Answers
You are not logged in