Лазарополски хаикуа

Publisher: Искра Донева | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Лазарополски хаикуа | Num. of pages: 131 | Dimensions: 6х8cm | Cover: /

Деноноќие во планинска контемплација
(Сведоштво за раѓањето на една книга)
 
Во еден древен будистички текст се вели дека повеќе вреди еден ден поминат во контемплација од цел еден расеан живот. Мудростите секогаш звучат умно, учено и убаво, ама не е лесно да се видат спроведени во стварноста.
Јас ја имав таа среќа: бев непосреден сведок на интензивното создавање на една книга! И тоа, еден од дваесеттемина среќлии кои учествуваа на книжевната работилница Кратки книжевни форми во Лазарополе на 27 и 28 октомври 2012 година. Весели сведоци, кои, во амбиентот на стогодишната семејната куќа на предците на Јован Ламбески, пишуваа хаику, а и го засведочија настанувањето на поетската книга Лазарополски хаикуа од Искра Донева.
 
Бевме привилегирани сведоци како само во едно деноноќие Искра со невидена леснотија во своето тефтерче исфрли над сто поетски искри и направи раскошен огномет од креативни експлозии на 1.300 метри надморска височина. Бевме среќни сведоци кои можеа да видат со свои очи и да чујат со свои уши како поетесата секој миг, секоја мала случка, секоја глетка ги преточува во моќни стихови. Како го доживува и го спроведува лаконското гесло „сè е хаику“. Како самата „резонира“ со вибрациите на планинскиот пејзаж. Како низ неусилената контемплација поетесата сфаќа дека продира низ мене / вековната мудрост на / стогодишна куќа.
 
Лазарополските хаику-песни на Искра Донева се нижат како кадри во филм и сите заедно прават еден вид лирски патопис. Како во сеизмографски или ЕКГ-запис, секое ново хаику ги бележи амплитудите на доживувањата на природата, на планинскиот пејзаж, на традиционалната архитектура, на топлиот ентериер, на четирите годишни времиња кои се менуваат во текот на едно есенско деноноќие, на старите предмети и звуците во селската куќа, на радоста од пријателството, на радоста од пишувањето и од креативниот молк...
Благодарение на лирскиот сензибилитет на Искра Донева, од оваа книга можеме да се увериме дека убавината на животот не се мери (само) по годините на неговото времетраење туку (пред сè) по интензитетот со кој се чувствува неговата разноличност, неповторливост и убавина. Со внимателно одбрани зборови и моќни поетски слики, Искра Донева со своите лазарополски хаику-песни за извонредно кратко време ни дарува книга која долго ќе ги осветлува, топли нашите души.
 
Владимир Мартиновски

Price: 110 ден

998 in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Лазарополски хаикуа

Category:
SKU: 978 - 608 - 65559 - 1 - 7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Лазарополски хаикуа”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in