Ленинград
Автор:
ИГОР ВИШНЕВЕЦКИ
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
154 |
Димензии:
125 x 170
|
Корица:
мека
„Ленинград“ е маестрален микс на поезија и проза и вредна документарна книга, бележат познатите литературни критичари, а Вишневецки во 2011 година за ова фантастично дело ја доби високата руска книжевна награда НОС (Нова словесност).
На само сто и педесетина страници, во ова речиси џебно издание, македонскиот читател ќе биде сведок на длабоките човечки драми од Големата татковинска војна. Ленинград беше под опсада 872 дена, а покрај постојаните бомбардирања и многубројните жртви, тука беше и гладот и студот... Малите количества храна се распределувале со купони и како што покажуваат и официјалните извештаи и писма објавени во книгава, рускиот човек се соочил со голем број на случаи на човекојадство - канибализам.
Луѓето за огрев го користеле старинскиот и скапоцен мебел, ги гореле највредните книги, слики и други уметнички дела.
Врвните интелектуалци ‒ писатели, лингвисти, музичари, историчари, новинари, аристократи, научници ‒ во годините по Октомвриската револуција репресирани од Партијата и од КГБ, биле во постојана дилема „што да се прави“. Предупредуваме дека „Ленинград“ не е обична книга, препорачлива за широката читателска публика. За да се проникне во длабоките и многуслојни пораки и предупредувања за сегашноста што извираат од ова комплексно уметничко дело, потребно е многу трпение, енциклопедиско знаење, внимателно читање и препрочитување.
Издавачот
Оценки
Сѐ уште нема оценки.