Лоши песни
„Во поезијата на Братислав Ташковски навевите на тивката тага која се накрева од самиот живот, од минливоста на животот или од несознајноста на постоењето, што значи, тивката тага емотивнолирска или метафизичка, биле присутни речиси во сите негови книги. Како морничав пев на лошо пиле среде хармонијата на неговата јарка медитација, на неговата дневна и надвременска перцепција на вечната болка на битието. Тивката тага била дел од тематите на љубовта, од распластувањето и расшивањето по рабовите на библиските сртови, од ирониските осилки на Ташковски упатени кон актуелните настани од животот кои во извесна мерка биле и остануваат и понатаму предмет на поетската возбуда на авторот.
Но, тивката тага во книгата „Лоши песни“, како навев на лоша среќа, како дотек на лоша вода, како отелотворение на лошата мисла, како неизбежен судир со темниот ѕид во секојдневната виделина на животот е перманентно присутна димензија, како дел од песната која сака да ни го прикаже светот на Ташковски судбински прекршен после педесеттата, неразделен од морната димензија, како пребогат род неразлачлив од лошите зрна.
Со силата на разумот и на префинетата мудрост оваа книга на Ташковски се излева како тивка поплава на незнајна мора од која авторот како да успевал веќе половина век да се измолкнува и да остане на брегот на неначнатата чедност. Овојпат тој се соочува со таговниот веј. Се наоѓа себеси во средиштето на песната која се престорила во лош вестител. Станала песна на лошото. Но тој, сепак, не пишува книга за тагата, туку стивната лирика за лошиот глас на судбината.“
Бранко Цветкоски
1 review for Лоши песни
Questions and Answers
You are not logged in
Julijana Velichkovska (verified owner) –