Љубов за сите животи
Автор:
Магдалена Андоноска
Издавач:
Друштво за наука и уметност |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Љубов за сите животи |
Бр. на страни:
104 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
Дали знаеш
Како морници по телото
се роди желба во мене да полетам
во убавината на бескрајот
и пак ќе останам на земјата
да соберам сила за полетување,
лесно да полетам во маглината.
Ама да знаеш со поглед
ќе слезам да се видам
до тебе близу како стојам
и постојам за видување.
А ти може нема да бараш
лик мој околу тебе
оти немаш очи за мене,
очи и срце имаш затворени.
Ако срце отвореше,
можевме заедно да полетаме
слободни од сенките,
можевме со срце да гледаме,
без раце да се држиме
и со очи да пееме.
Дали знаеш оти си тежок
за светлите ѕвезди
и ќе останеш на земјата,
а толку многу посакував
заедно да полетаме ЗАСЕКОГАШ.
1 оценка за Љубов за сите животи
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –