Љубовни аматери (Двонасочни новели)

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Љубовни аматери (Двонасочни новели) | Бр. на страни: 192 | Димензии: 20 см | Корица: мека

Се работи за, како што вели Фиона Сампсон „…соновиден, опсесивен свет во којшто сè има свое значење. Оваа техника не мистифицира ништо. Напротив, сè е поврзано. Прокопиев ни го нуди образецот на писателската сензибилност. Значењето на нештата е во нивната резонанца. И така, многу брзо, успева да нè заведе”. За книгата Наташа Аврамовска вели „оваа проза ја испишува историјата на запоседнувањето на сопствениот (љубовен) идентитет оттаму исповедниот тон на јас-раскажувањето кое како и секоја историја, допишува, домислува, станува мит: интертекстуално и автореференцијално мултиплициран, разигран и расплисиран во жонглирањето со фрагментите на семиотничкиот ред и на нивото на нарацијата и секако на рамништето на нејзината рецепција”. Иван Џепароски, пак, за делото пишува „… Но, ако авторот (наратор) добива главоболка пишувајќи го романот, ние, како читатели, сме радосни, среќни и со бистра глава, така што не можеме да го испуштиме романот од рацете од првата до последната страница, го читаме во еден здив, како што во еден здив се играат и најубавите игри. На крајот, иако среќни, но и малку зазбифтани, сфаќаме дека токму затоа играта во ова дело на Александар Прокопиев, како и секоја потрага по слободата, има рамномерно-зазбифтано дишење, но едновремено, има и еден слатко-горчлив вкус што се јавува при нејзиното консумирање.“

Цена: 250 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Љубовни аматери (Двонасочни новели)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-256-097-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Љубовни аматери (Двонасочни новели)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in