Макбет; Отело; Кралот Лир

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 367 | Димензии: 20 cm | Корица: мека

/„Макбет“ е најкусата од четирите големи трагедии напишани во најзрелиот период од творештвото на неповторливиот бард на светската книжевност. Тоа е драма за трагичноста на нереалните лични амбиции кои остварени по злосторнички пат, ги уништуваат не само носителите на истите туку разоруваат цело едно општество претворајќи го во поле по кое „неоседлани танцуваат“ ужасните последици.

Трагедијата „Отело“ е величествена химна на човечката несреќа предизвикана од незауздените, алчни пориви на злонаклонетото

сплеткарство отелотворено во, веројатно, најголемиот и најбистар подлец во светската книжевност, Јаго.

„Кралот Лир“, ако не е најдобрата трагедија на Шекспир, тогаш сигурно е занаетски „најстегнатата“ а лирски „најнагнетената“ со поделени чувства на љубов и омраза, на малку радост и многу тага, на тучен неспокој и тешка разочараност, на дива нескротеност и неповторливо лудило.

Целта на преведувачот, покрај огромната желба „да се обиде“ во најдоброто напишано од Шекспир, беше да се види низ преводот колку, во меѓувреме, се развил и „пораснал“ современиот македонски јазик, а со тоа и неговите можности за примање на врвни дела од светската книжевност како и да се видат „во пракса“ дострелите на младата наука за преведувањето во Македонија.

 

Драги Михајловски

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Макбет; Отело; Кралот Лир

Категорија:
ИСБН: 9786084694694

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Макбет; Отело; Кралот Лир”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in