Македонија патна карта
Author:
/
Publisher:
ТРИМАКС |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
/ |
Num. of pages:
1 |
Dimensions:
/
|
Cover:
/
На патната карта Македонија е претставена целата патна и железничка мрежа, почнувајќи од автопатите, магистралните, регионалните па се до локалните модернизирани и немодернизирани патишта, кои можат да ве доведат до било која сакана дестинација. Одалеченоста од едно место до друго е означена со броеви, а со соодветни симболи и топоними се обележани сите населени места од 50 до 700 000 жители, потоа скоро сите планини, реки, езера... Со мали симболчиња се означени и аеродромите, бањи, бензински пумпи, хотели, мотели, термоцентрали, хидроцентрали, манастири, гранични премини... Патната карта е работена со комбиниран метод од хипсометричко боење и метод на сенки. Во склоп на картата, од другата страна, се наоѓа индекс, каде по азбучен ред се наредени населените места, со што се олеснува нивното барање низ картата.
Reviews
There are no reviews yet.