Македоника 21
Автор:
Група автори
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Македоника 21 |
Бр. на страни:
108 |
Димензии:
22
|
Корица:
мека
Во бројот 21 познатиот славист и македонист од Германија проф. д-р Волф Ошлис пишува за културната историја на Македонија, со посебен осврт на медиумската култура. Драган Ѓалевски пишува за византиската дипломатија на Балканот, односно за христијанството како средство на таа дипломатија.
Владимир Јанев пишува за улогата на еснафската организација во формирањето на интелектуалната елита во Македонија во времето на османлиското владеење, како и за еврејското образование во Македонија во последниот век од османлиското владеење.
Славчо Ковилоски пишува за создавањето на легендата за Депа Каваева, а Мирче Нешовски за творечкиот профил на Асен Каваев.
Невен Радически пишува за меѓунационалните и меѓурепубличките односи во Југославија (1945 – 1955) со посебен осврт на Македонија, Александар Симоновски за активностите на странските разузнавачки служби во СФР Југославија (1965 – 1970), додека пак Марјан Иваноски за судскиот процес против Драган Богдановски и обидите за негова судска рехабилитација.
Во рубриката за библиографија за Македонија, освен информациите за новообјавени историографски дела за Македонија, е објавена и статијата на Соња Стрезоска Велјановска за средновековна Македонија во книгите на странски автори.
Questions and Answers
You are not logged in