Македонска традиционална медицина
Автор:
Драган Јованов
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Македонска традиционална медицина |
Бр. на страни:
200 |
Димензии:
/
|
Корица:
тврда
Македонија изобилува со прекрасни природни ресурси и разни билки, чиишто лековити својства нашите предци многу рано ги откриле и почнале да ги употребуваат за самолекување. Тие правеле искуствени традиционални билни препарати, со кои го одржувале своето здравје. Во оваа книга е поместена богата листа на лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и многубројни природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција. Лекувањето со билки не е спротивно на конвенционалната медицина, туку може да се искористи како терапија „во прв чекор“, како начин за едно поприродно оздравување или како дополнување на препишаната терапија. Всушност, и во основата на многу од денешните современи, фармацевтски препарати и лекови се кријат различни билки.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.